СП ВО РУСИЈА СЕПАК БЕЗ ИБРАХИМОВИЌ

Иако пред неколку дена во медиумите бомбастично одекна веста дека Златан Ибрахимовиќ ќе настапува за репрезентацијата на Шведска на претстојното СП во фудбал, а и тој самиот со своја изјава ја поткрепи истата, сепак нема да биде дел од избраниците на селекторот Јане Андерсон.

-Златан апсолутно нема да биде дел од составот кој ќе ја претставува Швадска на СП во Русија. По ЕП во Франција, тој и уште неколку фудбалери река дека се повлекуваат од настапување во репрезентацијата и јас тоа го почитувам. Не знам од каде сега овие шпекулации а не ја разбирам ни изјавата на Ибрахимовиќ. Знам што сум разговарал со него. Во тој разговор беше многу јасен и искрен. Тие фудбалери кои рекоа ДА, тие ќе настапуваат за репрезентацијата, а повторувам, Златан не е меѓу нив – изјави селекторот јане Андерсон.

SHARE