Пристигнато е барање за именување на Орце Камчев за почесен конзул од Бугарија и Владата допрва ќе се произнесе согласно законските процедури, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, прашан дали Орце Камчев е назначен за почесен конзул од Бугарија.
– Во текот на вчерашниот ден во Министерството за надворешни работи од амбасадата на Бугарија пристигнато е барање. Во согласност со законските процедури во Република Македонија, Владата допрва ќе се произнесе по нивното барање
Посочи дека дотогаш не може да даде конкретни информации и дека следува вообичаена постапка и ќе се утврдат сите околности, по што ќе бидете информирани.