АНЧЕЛОТИ СО НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, најави дека ова му е последна сезона на кормилото на Арсенал и дека иако има уште една година од договорот, сигурно заминува. Веднаш по таа негова објава почнаа шпекулациите за негов наследник. Меѓудригите се споменуваат имињата на Фонсека од Шахтјор, Роџерс од Селтик, Алегри од Јувентус и многу други, но сепак се чини најмногу шанси има Карло Анчелоти.

Откако го напушти Баерн од Минхен, Анчелоти реши да се одмори и одби неколку примамливи понуди. Сепак пред извесно времне изјави дека од следната сезона е подготвен повторно да почне со работа. Некако чудно се поклопуваат работите, особено по неговото одбивање на селекторската функција на Италија.

Анчелоти со Челси веќе има премиерлигашка титула, има огромен број трофеи со разни клубови, големо искуство и сето тоа го прави идеален за наследник на Венгер кој на чело на Арсенал беше 22 години.

One thought on “АНЧЕЛОТИ СО НАЈГОЛЕМИ ШАНСИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *