Нема веќе неизвесност кога се работи за шпанскиот интернационалец во редовите на Вардар, Жоан Канељас. Од денеска па во следните две години тој ќе биде ракометар на ПИК Сегед, каде што веќе е промовиран како големо засилување.
Унгарците веќе официјално го соопштија неговото име, а тој од Вардар заминува во јуни. Триесет и едногодишниот Канељас, позади себе има богато ракометно искуство кое го собираше играјќи за Гранољерс, Барселона, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Хамбург и Кил.
Претходно своето заминување го најавија, а веќе ги официјализираа и своите договори со новите екипи и Циндриќ, Македа, Штербик, Марсениќ, Абутовиќ, Борозан и тренерот Раул Гонзалес.
Wow, amazing blog structure! How lengthy have you ever been running a blog for?
you make running a blog look easy. The total glance of your site
is magnificent, as neatly as the content! You
can see similar here e-commerce
This piece provided a lot of food for thought. It was well-written and very informative. Let’s chat more about it. Feel free to visit my profile for more related content.