Решавањето на спорот за името на Македонија може да се постигне пред одржувањето на седница на Европскиот совет во јуни, кога лидерите ќе ја разгледуваат препораката за почеток на преговори за членство во Унијата со Скопје.
Ова во специјално интервју за „Хоризонт“ го истакнува европратеникот и известител во сенка за Македонија, Едуард Кукан, кој е и еден од покренувачите на „Жан Моне“ процесот.