Објавена нова збирка раскази „Во рогот на волот“ од Блаже Миневски

Книга со 14 раскази насловена „Во рогот на волот“ од Блаже Миневски е објавена во издание на „Матица македонска“.

За расказите во изминатите десетина години Миневски бил добитник на врвни награди на најзначајни конкурси за краток расказ во Македонија.

Блаже Миневски е автор на богат раскажувачки и романсиерски опус, високо вреднуван од критиката. Негови дела се преведени на српски, словенечки, бугарски, англиски, италијански, турски, руски и на други јазици. Добитник е на најзначајните книжевни награди во Македонија, меѓу кои „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Роман на годината“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *