ВМРО-ДПМНЕ:Обвинетите во „Монструм“ се на слобода, како што се бараше во платформата од Тирана

Случајот „Монструм“ е жив пример за морбидната кампања на Зоран Заев и поигрувањето со огромни човечки трагедии за сметка на правењето на сопствен маркетинг. Тоа црн пример до каде е спремен да оди само за да се додржи на власт.

Обвинетите за случајот „Монструм“ се на слобода. Исто како што се бараше во платформата потпишана во Тирана. Тие благодарение на поддршката што ја имаат од власта одложуваат судски рочишта тврдејќи дека биле невини, а кој бил виновен не кажува ниту Заев, ниту Фатиме Фетаи која го презеде предметот за масакрот на Велики четврток.

Родителите на убиените деца потврдија дека виновниците се оние кои беа претходно осудени.

Родителите на убиените јасно кажаа дека Зоран Заев им покажувал транскрипти од телефонски разговори помеѓу Невзет Бејта тогашен потпретседател на ДУИ и еден од обвинетите Фејзи Азири. Заев им кажал на родителите на убиените дека петте броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со обвинетите од „Монструм“ се функционери од ДУИ.

Пред три недели неделникот „Фокус“ повикувајќи се на извори од истрагата, пишуваше дека во посед на СЈО се 38.000 бомби за убиството кај Смилковско езеро. Овие бомби претходно беа во посед на Зоран Заев. Дали Заев овие бомби и информациите поврзани со Бејта ги користеше при правењето на својата коалиција како вид на уцена за договор?

Родителите на убиените на рочиштето кое што требаше да биде почеток на повторното судење, побараа судот стражарски да го приведе Зоран Заев за истиот да каже што знае за случајот.

СЈО согласно закон има обврска да го повика Заев во својство на сведок. Имено според член 217 од Законот за кривична постапка како сведоци се повикуваат сите лица, за кои е веројатно дека ќе можат да дадат известување за кривичното дело, сторителот и за други важни околности.

Зоран Заев треба да престане да ја манипулира јавноста и родителите на убиените и да сноси одговорност за предизвиканите трауми и злоупотребите кои во континуитет нечовечки ги практикува. Јавноста очекува одговори. Заев треба да каже која е поврзаноста на Невзет Бејта и функционери од ДУИ со убиството. Што им кажал Заев на родителите, а сега не сака да го каже на македонската јавност и пред суд? Кого штити Зоран Заев и дали се крие вистината заради власт и коалициски пазарења?

Граѓаните очекуваат правдата да излезе на виделина. Враќањето на повторно судење на случајот „Монструм“ е реализирање на Тиранската платформа. Тоа го потврдува и однесување на СЈО, кое почетокот на судското рочиште го презакажа за 15-ти мај, односно за месец дена од сега, во услови, кога за многу помали дела рочиштата се закажуваат од ден за ден, без прекини.

Овие изживувања мора да запрат. Граѓаните очекуваат правда и правна држава. Тоа со СДСМ на власт е невозможно. Оваа ненародна власт треба да си замине.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *