Заев-Харадинај: Извештаите се охрабрување за поголема соседска и регионална соработка

Извештаите на ЕК се реални и охрабрувачки. Сега останува на земјите од регионот да продолжат со реформите со поголема инклузивност за посеопфатна реализација на сите препораки во процесот на евроинтеграција.

Ова е заедничката констатација на претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и премиерот на Република Косово Рамуш Харадинај за време на средбата одржана на маргините на „Дигиталниот Самит на Западен Балкан“ на кој учествуваа во претпладневната сесија.

Како што соопштија од владината прес служба, за време на разговорот беше оценето дека „Дигиталниот самит на Западен Балкан“ како настан, кој претставува ново поглавје за дополнително интензивирање на регионалната соработка е израз на квалитетно динамизирање на иницијативата „Берлински процес“ и импулс за нов придонес за Самитот на ЕУ за Западен Балкан што ќе се одржи во текот на месец мај во Софија, Република Бугарија.

– Премиерите Заев и Харадинај споделија заеднички став дека и Република Македонија и Република Косово делат заеднички вредности и работат на посветено на заедничката иднина. Во таа насока оценија дека за преобразување на билатералните односи во регионот се добредојдени храбри и лидерски чекори кои пред себе ја имаат иднината, а не минатото, стои во соопштението.

На средбата на која било изразено задоволство од билатералните однсои, тема на разговор било и зајакнувањето на трговската размена и новите можности за економска соработка низ конкретни заеднички проекти како што е отворањето на уан-стоп-шоп гранични премини, како и за заеднички иницијативи за некои прекугранични инфраструктурни проекти.

Премиерите Заев и Харадинај споделиле информации и за реализацијата на автопатот Скопје-Блаце, за кој се привршува проектната документација и на кој ќе започне да се работи интензивно од септември оваа година, додека работите на автопатот од косовска страна се во завршна фаза, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *