Во Штип промовирана книгата „Патеките на транзицијата“

Пред студентите на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип беше промовирана книгата „Патеките на транзицијата“ која е меѓународен проект на Македонската академија на науките и уметностите и Бугарската академија на науките.

Претседателот на МАНУ академик Таки Фити посочи дека во книгата се анализирани проблемите со инвестициите и економскиот раст и оти таа има висока релевантност.

–  Книгата има висока релевантност за Македонија бидејќи таа има слаба развојна перформанса, по стапките на економскиот раст и ние најлошо стоиме во земјите на регионот. Оваа книга и заклучоците што се внатре можат да бидат многу добра основа и да им послужи на соодветните институции, пред се на Владата и на ресорните министерства, за креирање на политики и поттикнување на економскиот раст и развој, истакна Фити.

Авторите на книгата велат дека целта била да се дијагностицираат патеките по кои се движат македонската и бугарската економија од почетокот на транзицијата до денес.

– Воочливо е дека двете земји имаат бавна конвергенција кон животниот стандард на ЕУ. Бугарија има нешто поповолна слика во однос на Македонија, смета Дарко Лазаров од Економскиот факултет во Штип.

Книгата е пишувана две години, а опфатен е периодот од 2003 до 2013 година. Нејзини автори се академик Гоце Петрески од МАНУ, универзитетските професори Дарко Лазаров од Економскиот факултет во Штип и Оливера Костоска од Економскиот факултет во Прилеп. Книгата ќе се промовира и на останатите универзитети во државата.

 

4 thoughts on “Во Штип промовирана книгата „Патеките на транзицијата“

  1. Howdy! Do you know if they make any plugins to help with SEO?
    I’m trying to get my blog to rank for some targeted keywords but I’m
    not seeing very good success. If you know of any please share.
    Thank you! You can read similar blog here: Najlepszy sklep

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *