БАБУНСКИ НА МЕСТОТО НА ЈАНЕВСКИ

Уште еден неочекуван потег во редовите на Вардар. Чеде Јаневски не е веќе тренер на екипата, туку на негово место е поставен досегашниот директор на Академијата, Бобан бабунски.

Вардар не само што се откажа од битката за титулата со Шкендија, не само што направи неколку неочекувани и пред се штетни потези за клубот, туку лесно се откажа и од Чеде Јаневски, кој не издржа ни цела сезона како кормилар на екипата.

Јаневски и Вардар договорно се разделија, а Бабунски е поставен истиот момент кога Јаневски соопшти дека си заминува. Веројатно една нова селекција, нова концепција би можела Вардар да го врати на вистинскиот пат, а да не заборавиме, токму Бабунски беше еден од најголемите творци на репрезентацијата до 21 година која ја претставуваше нашата земја на ЕП во Полска.

SHARE