По елиминацијата на Барселона од ЛШ, според добро упатените познавачи на приликите во клубот, почнува да се активира план за враќање на Пеп Гвардиола на чело на екипата.
Иако актуелниот тренер, Ернесто Валверде добиваше само пофалби за досегашната работа, по елиминацијата од ЛШ, работите се свртеа против него, а евентуалното освојување на титулата во Шпанија и Кралскиот куп, само до некаде ќе ги смират страстите на управата.
По завршување на сезонава Валверде речиси сигурно ќе го напушти клубот, а дали ќе се врати Гвардиола останува да се види. Инаку, Пеп како тренер на Барса во периодот од 2008 – 2012 година освои се што можеше да се освои во фудбалот и го донесе на “Камп Ноу”. Потоа замина за Баерн Минхен, со кој освои исто така шампионски титули, а сега е на пат да ја освои титулата со Манчестер Сити.
Манчестер С. подготвува нов договор заГвардиола според кој неговата плата ќе изнесува 20 милиони евра годишно, но дали емоциите како кај шпанец ќе бидат посилни од парите останува да се види.