Ф4 ВО СЕХА ЛИГАТА ПОЧНУВА

Почнувајќи од денеска па до недела, Скопје ќе биде домаќин на Ф4 турнирот во СЕХА лигата. Денеска и в недела се играат натпреварите, а титулата ја брани Вардар. Натпреварите ќе се играат во салата “Јане Сандански”, а спортскиот дел од овој празник на ракометот ќе биде надополнет со многубројни забавно-музички точки.

-Играме на свој терен, пред наша публика и тоа не прави фаворити во ова натпреварување. Ќе сториме се и оваа сезона да го освоиме овој трофеј – иајзви капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов.

Противник на Вардар е белорускиот тим, Мешков Брест, кој е единствената екипа која успеа на Вардар да му одземе бод на средбата која се играше во Брест и која заврши 25-25.

Доколку успее оваа сезона да ја освои титулата, Вардар ќе биде единствената екипа која во своите витрини пехарот ќе го има четири пати. Прв пат тоа беше 2012 година во Загреб, 2014 година во Нови Сад и 2017 година во Брест.

Во второто полуфинале се среќаваат Загреб и Целје.

SHARE