РЕАЛ М. – БАЕРН, ПОЛУФИНАЛЕ “БОЛИ ГЛАВА”

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, како да си ја предизвика среќата пред ждрепката за полуфиналето во ЛШ, кога прорече дека неговиот клуб за противник ќе го добие Баерн од Минхен. Така и се случи. Ова е полуфинале од кое “боли глава”, бидејќи се среќаваат клубови кои заедно имаат освоено вкупно 17 титули европски првак, Реал 12, Баерн 5.

Во второто полуфинале се среќаваат Рома и Ливерпул. Ливерпул има освоено 5 титули во историјата на ова натпревартување, а единствено Рома е без трофеј, што ќе биде мотив повеќе за римјаните во овој дуел.

Инаку финалето на ЛШ ќе се игра во Киев на 26. мај.