Власта 10 месеци не направи ништо за подобрување на студентскиот стандард. Условите во студентските домови се се полоши.
Еден месец студентите во „Стив Наумов“ се оставени без топла вода. Повеќе од месец студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев“ користат несервисирани лифтови.
Недозволиво е студентите кои плаќаат за своето сместување во студентските домови, да се соочуваат недостојни услови за живот.
Зоран Заев, Стефан Богоев и Рената Дескоска пред изборите ги лажеа студентите и ветуваа брда и долини, ништо од тоа што го ветија не остварија.
СДСМ го претвора престојот на студентите во студентските домови во борба за преживување.
Недозволиво е студентите во 21 век во центарот на Скопје сеуште да се соочуваат со недостаток на топла вода. Неодговорно е студентите еден месец да користат несервисирани лифтови. Власта е неспособна да го овозможи нормалното функционирање на студентските домови.
Студентите се жртва на неодговорноста на СДСМ. Партијата која од опозиција ветуваше подобри услови во студентските домови и подобар студентски стандард, сега со прст не мрднува за студентите.
Скандалите во домовите се редат во низа.
Пред само две недели студентите од „Стив Наумов“ се жалеа на безбедноста во домот и упади на непознати лица во просториите на домот. Управата не реагираше.
Секојдневни се примерите каде на студентите со храната им се сервираат и отпушоци од цигари и инсекти. Ваквите случки се згрозувачки и недозволиви за студентски дом.
10 месеци СДСМ, 10 месеци катастрофални услови во студентските домови. Оваа неодговорна власт си поигрува со студентите. Оваа власт докажа дека ниту има план, ниту знае како да работи.
Студентите и младите луѓе не смеат да бидат жртва на неспособноста на оваа власт. Студентите заслужуваат подобро.