Електро-акустичен концерт со музика од Џијан Емин

 Македонската филхармонија и Здружението на џез-уметници на Македонија вечер ќе реализираат електро-акустичен концерт на кој ќе биде изведена нова, авторска музика на македонскиот композитор, аранжер и инструменталист Џијан Емин.

Музиката ќе ја изведат околу 40 музичари, членови на Македонската филхармонија, а еден дел ќе биде составен од најактивните џез-музичари во Македонија.

– Кај мене, пак, се јавува простор за послободно музичко изразување и желба за музика која се создава во самиот момент на случувањето, користејќи ја моќта на организираната импровизација. Секако за терминот електронски да биде оправдан, ќе се користат благодетите на модерната технологија, но овој пат на неконвеционален начин со директно аплицирање на оркестарските подгрупи и солистите со чиј процес ќе добиеме нови звучни слики и текстури, вели Џијан Емин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *