Проштална средба на Димитров со амбасадорката Соумалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска имаше проштална средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорката Нина Суомалаинен на која изрази задоволство од соработката со оваа Организацијата и посебно со Мисијата во земјава.

Како што соопшти МНР, Димитров искажа благодарност за активностите на Мисијата, како и значајната улога и ангажманот на амбасадорката Суомалаинен во изминатиот тригодишен период.

– Министерот Димитров ја повтори подготвеноста на Македонија да продолжи со ваквата соработка во наредниот период, особено во областите кои се комплементарни на европскиот и евро – атланскиот интегративен процес на земјата, стои во соопштението.

Шефот на Мисијата на ОБСЕ, од своја страна, се заблагодари на поддршката и отворената соработка со сите македонски институции за време на нејзиниот мандат, во, како што се наведува, исклучително значајни моменти за Македонија.

One thought on “Проштална средба на Димитров со амбасадорката Соумалаинен, шеф на Мисијата на ОБСЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *