КОСТОВ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА

Еден од најдобрите македонски тренери, Влатко Костов, не е веќе тренер на Ренова. По поразот од Шкендија, Костов имал неколкучасовен разговор со газдата на Ренова, кој инсистирал Костов да остене во екипата бидејќи раководството на клубот е сосема задоволно од неговата работа, меѓутоа Костов останал верен на своите принципи. А тоа се:

– Не сакам да учествувам во нерегуларно првенство. ФФМ на некои клубови им одложува натпревари, а на нашето барање одговори негативно. Има многу одложени средби, не се одигруваат на време, како што е тоа пропишано во правилникот за натпревари и сето тоа го прави првенството нерегуларно. Инаку на односот на лугето од Ренова немам забелешки. На почетокот се договоривме главна цел да ни биде опстанокот во лигата, а ние не само што сме седми на табелата, туку сме и во полуфиналето на националниот куп. Се работи за принципи – изјави Костов.

Додека не се најде соодветна замена, Ренова ќе ја води двоецот Агрон Мемеди – Куштрим Абдулаи.

Инаку утре Ренова ќе го одигра реванш мечот од полуфиналето на  националниот куп, а противник ќе и биде повторно Шкендија. првата средба во Тетово заврши без победник 1-1.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *