Царовска: Соработка на локалната и централната власт за подобар статус на Ромите

На покана на Директоратот за проширување на Европската унија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска присуствува на „Недела на Ромите“, настан што по повод Меѓународниот ден на Ромите се одржува од 8 до 11 април во Брисел.

Царовска се обрати на доделување на наградите за најуспешни локални самоуправи од западноевропските земји.

– Потребно е координирано делување на единиците на локалната самоуправа и централната власт, но и поддршка од меѓународната заедница за решавање на горливите проблеми на Ромите во општеството. Само вака може да го подобриме економскиот и социјалниот статус на Ромите. Владата на Република Македонија има соодветни политики кои треба трајно да ги решат наталожените проблеми со кои се соочуваат овие наши граѓани, истакна Царовска во обраќањето.

Таа, исто така, беше панелист на сесијата посветена на повратниците во западноевропските земји и на презентацијата на резултатите од студијата и истражувањето за Ромите од Западен Балкан.

Во рамки на својата посета, министерката Царовска оствари средби со директорот на Директоратот за проширување, Кристијан Даниелсон, со заменик директорот на Директоратот, Катерина Матернова и со пратеничката во Европскиот Парламент, Сораја Пост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *