Честитка по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Почитувани,

Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, по повод големиот Христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите христијански верници во Република Македонија:

Со особена радост и задоволство во пресрет на празнувањето на најголемиот Христијански празник Христовото Воскресение – Велигден, дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот Синод на православните верници на МПЦ во земјата и во странство и на сите Христијани, од името на Македонската Алијанса и од мое лично име да го честитам Велигден и да Ви посакам здравје, благодет и спокој во секој дом и во сечие срце. Славејќи го овој празник, го славиме нашето духовно раѓање и ја потврдуваме вербата во Христовото учење за покајанието и на прочистувањето.

Нека овој Велигден ги збие редовите на Македонскиот народ и ни даде сила со гордост да се спротиставиме на оние кои пробуваат да го сменат името на нашата света земја. Во духот на празникот да простиме на оние кои згрешиле, но никогаш да не се откажеме од нашата борба за зачувување на Македонштината и Македонското!

Нека ни е среќен празникот!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски