Часови по веронаука во основно училиште во Пинкрист (Сиднеј)

Часови по веронаука во основно училиште во Пинкрист (Сиднеј)

Во основното училиште „West Penncrest Public School“ во Сиднејската населба Penncrest, на децата од 5, 6 и 7 одделение, веќе неколку недели, секој понеделник, по редовната настава им се одржуваат часови по православна веронаука. Часовите ги предава парохискиот свештеник при црквата Света Богородица – Пречиста во Ловерпул, протоерејот Димче Воиновски.

Преку вероучението најмладите се поучуваат на нашата убава православна вера, а некои од децата на часовите добиваат можност да го вежбаат, учат и усовршуваат македонскиот јазик.

Денес, на Втор Ден Велигден, радоста кај децата-ученици беше поголема, затоа што секое дете доби велигденско јајце, а воедно на часот, тие научија за историјата и значењето на бојадисаното велигденско јајце.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!

   

One thought on “Часови по веронаука во основно училиште во Пинкрист (Сиднеј)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *