Иницијативата малцински SafePack собра повеќе од 1,2 милиони потписи

Со презентирање на резултатите, Федералната унија на европски националности (ФУЕН) го означи крајот на кампањата за за иницијатвата малцински SafePack, во која од самиот почеток се приклучи и Македонското друштво „Илинден“ со седште во Тирана.

Резултатите, според претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, се презентрани денеска на прес-конференција во канцеларијата на малцинствата во Фленсбург, Германија.

Презентирајќи ги резултатите за собраните потписи во цела Европа, претседателот на ФУЕН, Лорант Винче посочи дека петицијата ја потпшале 1.215.789 лица од кои 771.089 онлајн и 444.790 на хартија, оценујвајќи дека овие бројки далеку ја надминале планираната бројка од еден милион потписи.

– Би сакал да ја искористам оваа прилика и да се заблагодарам на секој европски граѓанин кој ја потпиша иницијативата за малцинствата SafePack. Кренавте силно глас за да побараме признавање и заштита на европските национални малцинства и јазични групи. Вие сте гласници на 50 милиони луѓе кои припаѓаат на национална малцинска заедница или јазична група во рамките на ЕУ, изјави Винче.

Националниот праг е постигнат во единаесет земји: Романија (303.695 потписи), Словачка (57.890), Унгарија (569.813), Латвија (8.252), Хрватска (18.884), Шпанија (53.772), Данска (12.194), Бугарија (25.691), Литванија (20.284), Словенија (6.895) и Италија (60.545 потписи).

– ФУЕН бара од Европската комисија да започне дијалог за содржината на законодавната рамка за малцинствата, а исто така бара од националните влади и парламенти да ги олеснат презентацијата и дебатата околу предлозите во различни држави и региони. Успехот на Иницијативата SafePack докажува дека малцинските заедници во Европа имаат силен глас и дека тие се вистински Европејци кои веруваат во мотото на Европската унија: Обединети во разновидност, изјави за МИА, Ѓурѓај.

Според него, во текот на април, заедно со своите локални партнери, ФУЕН ќе организира официјално предавање на потписите. Земјите-членки имаат три месеци да ги потврдат потписите, по што сертификатите издадени од нив ќе бидат предадени на Европската комисија, која потоа ќе има уште три месеци да организира јавна расправа по ова прашање во Европскиот парламент и да го каже својот поглед на иднината на иницијативата.

Кампањата за иницијативата малцински SafePack, започна во замокот Bonțida Bánffy на 24 мај минатата година. Повеќе од 400 луѓе од сите страни на Европа учествуваа на настанот организиран како дел од Конгресот на ФУЕН, одржан во романскиот град Клуј-Напока.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *