Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека сака „ефикасна“ соработка со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте.
– Со нетрпение очекувам да работиме ефикасно за зајакнување на евроатлантската безбедност и нашето партнерство со Алијансата, додека Украина го продолжува својот пат кон полноправно членство во НАТО, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.
Тој додаде дека Европа во мир може да се гарантира само „заедно, со Украина и нејзините сојузници“.
Поранешниот холандски премиер Марк Руте денеска ја презеде должноста генерален секретар на НАТО од Норвежанецот, Јенс Столтенберг.
su2vg4