Истражување на ЦУП: Потребни се промени во здравствениот систем и социјалната заштита

Македонските граѓани сметаат дека политиките за вработување не ги даваат посакуваните резултати, незадоволни се од грижата што ја добиваат возрасните лица, а најзадоволни се детските градинки. Во областа на здравството, најнезадоволни се од плаќањето на партиципацијата, а сметаат и дека итната медицинска помош треба да е достапна и во руралните, а не само во урбаните средини.

Ова се дел од заклучоците од истражувањето за задоволство од квалитетот на услугите на граѓаните во областа на здравството и социјалната политика и заштита, што го спровело Центарот за управување со промени (ЦУП).

Неда Малеска Сачмароска, од ЦУП појасни дека најголем дел од граѓаните сметаат дека овие политиките за вработување не се доволни и не ги даваат посакуваните резултати, оти треба да се модифицираат.

– Интересен е податокот дека граѓаните се најзадоволни од квалитетот на градинките, но, најмалку од квалитетот на услугите што граѓаните ги добиваат возрасните лица односно грижата за нив, рече таа.

Додаде дека граѓаните се најнезадоволни со плаќањето на партиципацијата за добивање на здравствените услуги, а бараат и услугите на итната медицинска помош да бидат достапни и во руралните средини, а не само во урбаните.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска рече дека е свесна оти граѓаните се незадоволни од услугите, бидејќи, како што рече, уште пред да дојдат на власт знаеле дека ситемот не функционира.

Најави дека но мај ќе почне расправа за новата рамка на социјална заштита, за развој на услуги како палијативна грижа,  персонална асистенција, но и сите други што директно помагаат на квалитетот на живеење на граѓаните, како и зголемување на нивото на социјални трансфери што во моментов се ниски.

– Оние граѓани кои ќе добијат повисока сума до одреден лимит што е подостоинствен за живеење ќе бидат активирани. Тоа е најважната алка во ситемот на социјална заштита за да нема долгорочно користење на системот  и да не се пасивизираат и исклучуваат од пазарот на труд, рече Царовска, додавајќи дека ќе се работи на нивна

За министерот за здравство Венко Филипче истражувањата во здравството се важни бидејќи крајните корисници односно пациентите најдобро ги знаат проблемите со кои се соочуваат. Откако точно ќе се дефинираат проблемите може да се знае како суштински да се решат.

Додаде дека ќе се стави акцент на превенција, преку подобрување на патронажните сервиси за, као што рече, суштинска промена на давање на здравствена нега од болница во нивните домови.

Резултатите од истражувањето беа презентирани на денешната Конференцијата „Итни потреби и приоритети за унапредување на услугите во социјалната дејност и јавното здравство”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *