Градежниот сектор најавува активности за зајакната примена на стандардите, што ќе го помогне развојот за кој истовремено бара општините побрзо да ги издаваат градежните дозволи.
Градежната комора при Сојузот на стопанската комора (ССК), Градежниот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИИС) денеска потпишаа меморандум со кој се обврзаа на соработка со која е опфатена и изградба на сеизмички стабилни и сигурни објекти. Ќе подготвуваат и анализи и документи за потребните вештини кои ги бараат компаниите на пазарот и за улогата на високото образование во креирање квалитетни човечки ресурси.
Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при ССК, истакна дека е потребно целосно почитување и примена на законските обврски за градба и ригорозна контрола, со максимално планска работа.
– Како градежни компании за да реализираме одреден проект неопходна е меѓусебната соработка со цел исполнување на законските стандарди, почнувајќи од образовен систем, формирање кадар, преку понатамошна изготовка на проекти и нивна реализација. Втората фаза во реализација на проектот е делот во кој се надоврзуваме со ИЗИИС со цел квалитетна изработка на проектот и максимално постапување според проектната документација во текот на градењето, рече Јакимовски по потпишувањето на меморандумот.
Како што укажа, политичките случувања во 2017 година значително ја намалија градежната активност и ги забавија градежните проекти на државата и на општините. Истовремено, општините го успорија издавањето на дозволите за градба, чиј број и во изминатите месеци, според статистичките податоци, постојано се намалува.
– Апелирам до општините побрзо да ги продвижат процесите за издавање одобренија за градба затоа што како градежни компании трпиме големи штети, а со тоа и растот на економијата, рече Јаќимовски.
За ИЗИИС, според директорот Влатко Шешов, соработката со градежниот сектор е повеќе од неопходна за примена на резултатите од нивната научно-истражувачка дејност. – Ова е одлична основа нашите резултати да ги имплементираме, но и да ги подигнеме моменталните стандарди кои постојат, како за проектирање, така и за изведба, рече Шешов.
Според него, доколку се применуваат техничките стандарди онака како што се напишани ќе има сеизмички стабилни и сигурни објекти. Токму затоа, потенцираше, се залагаме за доследна примана на стандардите. Знаеме дека стандардите се малку застарени и сме во период на имплементација околу примената на новите стандарди што ги налага ЕУ, како еврокодовите, кои се квалитетен чекор напред во подигнување на квалитетот на техничката регулатива за овој значаен сектор, рече Шешов.
Great read! Your perspective on this topic is refreshing. For additional information, I recommend visiting: DISCOVER MORE. What do others think?