Димитриеска-Кочоска – Агелер: Засилена соработка со САД во спроведување на реформите

За поддршката што Министерството за финансии и, севкупно земјава, ја добива од Соединетите Американски Држави разговарале денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

На средбата во Министерството за финансии било истакнато дека таа соработка ќе се зајакнува особено во претстојното спроведување на реформите.

-САД се стратешки партнер на земјава и тоа стратешко партнерство кое во континуитет се одржува од независноста ќе продолжи и во иднина. Тоа е значајно и клучно за унапредување на демократските процеси во земјава, владеење на правото, економски просперитет и обезбедување поголема стабилност и развој на земјата, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Како што информира Министерството за финансии, таа додаде дека претстои многу работа и дека со силна посветеност ќе се пристапи кон спроведување на реформите коишто се клучни за иднината на земјата, „а во остварувањето на тие реформи значајна е поддршката од стратешките партнери на земјата како САД“.

-На средбата соговорниците се осврнаа и на поддршката што Министерството за финансии ја добива од Трезорот на САД во градење на капацитетите на институцијата во обезбедување стабилност во јавните финансии и фискална одржливост, се наведува во соопштението.

376 thoughts on “Димитриеска-Кочоска – Агелер: Засилена соработка со САД во спроведување на реформите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *