Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини 

Сања Божиновска која од ВМРО-ДПМНЕ е предложена да го води новоформираното Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини е родена во Скопје на 8 јуни 1980 година каде завршила средно образование. Дипломирала Бизнис администрација и студии по политички науки на Англо американ универзитет, Прага, Чешка, а магистрирала на Универзитетот Харвард, САД.

Божиновска е експерт во енергетиката и актуелен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2005 година до сега е активен учесник на повеќе од 100 енергетски конференции, како и клучен говорник, модератор на панели и учесник на работилници во Србија, Бугарија, Романија, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Унгарија, Полска, Германија, Чешка, Австрија .

Првото вработување и е во 2002 година како помлад асистент за ревизија во КПМГ, Скопје, а работела и во EZPADA s.r.o., Прага, Чешка, EVN AG/ E&T EnergieHandelsm.b.H, Виена, Австрија, Групацијата Руднап, Белград, Србија каде била извршен директор на сите компании во ЦИЕ за трговија со електрична енергија и во Eng Service Trade, Скопје каде била партнер. Од 2018 година работи како Независен енергетски консултант.

Има македонски и чешко државјанство, а покрај македонскиот течно говори и англиски, чешки, српски, и шпански јазик.

383 thoughts on “Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *