„Монахот од Тамнава“ – нов роман на Божин Павловски

„Монахот од Тамнава“ е нов роман на Божин Павловски, објавен од „Матица македонска“, за кој во рецензијата е наведено дека „плени со едноставност, со искреност и со вистинитоста на наративниот исказ“.

– Во фонот на човечките доблести, маестрално се извајани цела галерија ликови, почнувајќи од „измислените“ а завршувајќи со „вистинските“ како Хемингвеј, кој не е само метафора туку и своевиден идол за двајца пријатели со писателски амбиции… Романот завршува со глава без глава во потрага по времето педесет години подоцна, и со уверување дека можеби не вреди да се живее, но уште помалку вреди да се умре. Или што би рекол Хемингвеј – човекот може да биде уништен но не и поразен, констатира Блаже Минвски во рецензијата на романот.

Божин Павловски е автор на богат прозен опус, високо вреднуван од критиката и наградуван со дваесетина престижни национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на Интербалканската награда за литература во Солун и на државната награда „11 Октомври“ за животно дело од областа на кутурата. Член е на Македонската академија на науките и уметностите од 1988 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *