СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

СРЕДБА СО ЛОУ ИЛИЈА ВЛАШО ВО БИБЛИОТЕКАТА „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“На 5.4.2024 година во Македонската библиотека „Григор Прличев“ во Сиднеј, членовите на истоименото друштво имаа можност да се сретнат со познатиот американскиот бизнисмен, хуманист и почесен конзул на Р. Македонија г-динот Лоу (Илија) Влашо.Лоу Влашо е роден во Америка, неговите родители потекнуваат од село Брезница, Леринско, Егејска Македонија. Со своето семејство живее во Непалес, Флорида. Преку лични контакти со американскиот Конгрес организирал групи за соработка  кои влијаеле за признавање на македонската државност и приемот на Македонија во НАТО. Целиот свој живот му го има посветено во промовирање на македонската нација и подобрување на односите меѓу Америка и Македонија, поради што е назначен и како почесен член во ОМД. Како хуманист има организирано фондации за помош на македонски студенти и лица кои се без свој дом.1ilvl1 2Средбата ја организира директорката на Обединета Македонска Дијаспора за Нов Јужен Велс, адвокатката Вера Секуловска и публицистот Виктор Бивел. Беше убаво да се другарува со овој витален 85 годишен активист, долгогодишен член на ОМД. Средбата помина во пријателска атмосфера со размена на мислење за иднината на македонската држава, убава македонска закуска и размена на книги. Илија Влашо за Библиотеката ја подари својата книга “AN AMERIKAN SON OF MACEDONIA”, во превод на македонски од  Славе Николовски Катин, а членовите: Душан Ристевски, Иван Трпоски, Марија Александрова, Ристо Галевски, Перо Дамчевски Коцин, му подарија свои дела. Исто и Вера Секуловска му подари неколку книги од македонски автори кои живеат и творат во Австралија.Иван Трпоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *