Соопштение за јавност за анкетите во Грција

Почитувани,

 

Во врска со презентацијата на комплетното истражување на Грчката Фондација „Елиамеп“ кое го третира спорот за името, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Грчката јавност реагира негативно на евентуалното решение на спорот за името. За само две години за 14,5 проценти се зголемил бројот на Грци кои не се согласуваат терминот Македонија воопшто да биде дел од решението. Во 2016 против биле 57, сега 71,5 проценти. Анкетите кои пред една недела беа објавени во „Катимерини“ и „Прото тема“ се со исти резултати, но истовремено констатираат дека 63,5 проценти од гласачите на Сириза се против компромис со терминот Македонија. Овие податоци се поразителни и во директна суштинска спротивност со оптимизмот и зголемените очекувања во кои упорно инвестира Владата на Зоран Заев и Никола Димитров. Зарем некој во Македонија се уште се надева дека Алексис Ципрас и Никос Коsијас во услови кога опозициската Нова Демократија е во водство и со вакво расположение на јавното мислење ќе попушти од своите нерационални барања?

 

Официјална Атина под компромис единствено подразбира прифаќање на уцените од нивна страна. Затоа, предлогот содржан во нацрт спогодбата што Коsијас ја испрати во Македонија е најлош предлог за Македонските национални интереси во последните 20 години. Едноставно, Грција преговара за да не се договори!

 

БАРАМЕ ИТЕН ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ! ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!

 

Ја повикуваме Владата да соопшти за што преговара. Македонија не е приватна Држава и недозволиво е за најважното прашање за иднината на Македонскиот народ да знаат само неколкумина кои времено се власт во Татковината. Единствен суверен владетел на Македонското име и идентитет е само Македонскиот народ.  Ниту една Влада нема мандат да влегува во авантури за сметка на иднината на Татковината. Ако не се способни да се изборат за Татковината и сопствениот народ, тогаш нека си дадат оставка. Друг поседува и храброст и знаење за тоа како се штитат Македонските национални интереси.

 

Македонската Алијанса бара да се прекинат преговорите се додека не се обезбеди спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија веднаш да добие покана за полноправно членство во НАТО Алијансата.

 

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател, 

                                                                                         Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *