АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Исто така, за одбележување е дека на 23.03.1999 година министерот за изелеништво, м-р Мартин Треневски испрати писмо до проф. д-р Александар Анчевски, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, во кое се вели:

„Почитуван г-не Анчевски,

Ве известуваме дека Министерството за иселеништво планира да покрене иницијатива пред надлежните тела на Советот на град Скопје, улицата ,,27 Март” во Скопје, на која се наоѓаат службените простории на Министерството да сепреименува и во иднина да го носи името на најголемиот донатор поединец во Република Македонија, покојниот Атанас Близнаков.

Според наше мислење, Атанас Близнаков со својот живот и хумано дело заслужува највисоки почести.

Поводот да се избере токму улицата „27 Март” е мотивиран од фактот што за време на својот живот Атанас Близнаков речиси секојдневно престојуваше во зградата на Министерството која тогаш ја користеше Матицата на иселениците од Македонија и тоа беше едно од најомилените места на големиот донатор.

Како што Ви е познато на 10 јули 1999 година се навршува една година од неговата смрт. Цениме дека ќе биде многу значајно пред денот на поменот да се изврши преименување на наведената улица, а на 10 јули со скромна и пригодна свеченост да биде одбележана годишнината од неговата смрт. На мислење сме дека ова ќе има огромен одглас меѓу македонските иселеници во Америка, Канада, Австралија и Европа.

Ве молиме, доколку цените дека оваа иницијатива е оправдана, да ја разгледаат надлежните тела на Ректоратот и да ни дадете соодветна поддршка. Доколку, пак, цените дека би било поцелисходо иницијативата да биде покрената од Ректоратот и Министерството, ние сме подготвени иницијативата да биде покрената обострано.

Во очекување на одговор и Вашата лична поддршка, дозволете да Ви ја искажам нашата најискрена благодарност – се вели во текстот.

1brk1

Атанас Близнаков со блиски роднини и пријатели од Д’мбени

На ова писмо ректорот на Универзитетот проф. д-р Александар Анчевски одговори:

Во врска со Вашето писмо бр. 94/03 од 23.03.1999 година за покренување иницијатива пред надлежните тела на Советот на град Скопје, улицата ,,27 Март” во Скопје, на која се наоѓаат службените простории на Министерството за иселеништво, во иднина да го носи името на најголемиот донатор поединец во Република Македонија, покојниот Атанас Близнаков, Советот на фондацијата „Атанас Близнаков” при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во скопје, на својата вонредна седница одржана на 1.04.1999 година, со големо задоволство ја прифати и ја поддржа Вашата иницијатива. Универзитетот во рамките на совит енадлежности ќе направи таа иницијатива да се реализира.

Почитуван министер, како што Ви е познато, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со Одлука на Универзитетскиот совет, донесе на 148-та седница одржана на 18 април 1977 година, а врѕ основа на лично изнесената желба на Атанас Близнаков, е основана Фондацијата Атанас Близнаков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето.

Изразувајќи ја својата приврзаност кон Македонија и кон Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, својата макотрпна печалба остварена во далечна Америка, покојниот Атанас Близнаков, со посебно задоволство и подготвеност ја стави во функција на создавање материјални услови за студирање на студентите на Скопскиот универзитет.

Формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков” за стипендирање студенти кои покажуваат особени резултати во студирањето е прва во историјата на Универзитетот, и со тоа, таа има двојно значење: првото и основното значење е содржано во самата намена на Фондацијата, во мотивот и желбата на Атанас Близнаков да го стимулира она што за секој народ е најдрагоцено и најпотребно – знаењето.

Второто значење на овој чин произлегува од фактот што со него се создава една традиција со која на недвосмислен начин се манифестира привзаноста и љубовта на нашите иселеници кон својата татковина.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, вечно ќе му биде благодарен на Атанас Близнаков и неговото име вечно ќе го зазема првото место на Спомен – плочата на донатори, изработена во знак на почит и благодарност кон сите кои дадоа значаен придонес во создавањето и развојот, во творечкиот подем на Универзитетот.”

Во врска со овој предлог, Советот на Град Скопје, односно неговата Комисија за именување улици, плоштади, мостови и други инфра структурни објекти, донесе Предлог-решение за преименување на улицата „27 Март” во улица ,,Атанас Близнаков”. Со него се задолжува Градскиот комитет за урбанизам, комунално-станбени работи, сообраќај и заштита на човековата околина да го спроведе тоа Решение во рок од триесет дена од неговото влегување во сила.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *