Македонската Деви-куп репрезентација отпатува за Пловдив (Бугарија), каде што во рамките на Третата европска зона, ќе игра натпревари за влез во Втората Евро-африканска зона.
Натпреварите во Пловдив ќе се играат во две групи, а конечниот победник ќе избори место за влез во втората лига.
Инаку натпреварите оваа година се играат во Пловдив и во Улцињ (Црна Гора). Во Бугарија, каде што се наоѓа нашата селекција се наоѓаат уште и репрезентациите на: Албанија, Андора, Бугарија, Кипар, Исланд, Монако и Сан Марино.
Боите на Македонија во Бугарија ќе ги бранат: Димитар Грабул, Горазд Србљак, Стефан Мицов, Ѓорѓи Јанкуловски, Чедомир Јовановски и Владимир Томиќ.