ШТО НАПИША ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА  Г.Г. СТЕФАН ЗА МОНОГРАФИЈАТА „МИТРИПОЛИТОТ КИРИЛ“ (2)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Денес поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, господин господин Стефан, кој има титула архиепископ охридски и македонски, е петти по ред. Првиот поглавар беше господин господин Доситеј, кој, пред сè, има големи заслуги за духовното, националното и црковното живеење на Македонците. Тој ја возобнови Македонската православна црква и од него почна сè. Вториот поглавар беше господин господин Ангелариј, третиот поглавар господин господин Гаврил го направи првиот македонски превод на Библијата, а четвртиот поглавар беше господин господин Михаил. Петтиот поглавар на Македонската православна црква е денешниот архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан.

Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан по молба на авторот на Монографија „Митрополитот Кирил“ Славе Катин, напиша Вовед под наслов „Апостолско време“ во кој се вели: 

„Епископот во Црквата Христова има исклучителна должност  да чува , да надгледува, да се грижи, да управува, да биде пастир. Тој го има највисокиот чин во црковната ерархија и преставува непосредно продолжување на апостолите. Господ Исус Христос, основачот на Црквата, им ги оставил свештеничката, учителската и пастирската дочжност на апостолите и нивните наследници. Така е востановена наследност од апостолит.

Старословенскиот збор преемство значи и преземање.  Православната црква изворно да го зачува црквното апостолското преемство, апостолското преземање, кое, всушност е непрекинат синџир во пренесувањето на благодатта и власта во црквата: од Христовите ученици – апостоли, преку ракополагањето на епископите, од епископите на свештениците и ѓаконите… – „Ви го предадов она што бев го примил“, вели свети апостол Павле (1 Кор. 15, 3). Така, предавењето на должноста од едни на други во Црквата, го работи континуитетот на апостолското население.

Првите христијански општини при формањето, вообичаено, се повикувале на апостолот од кој ја слушале проповедта за Христос, така што, всушност, ја потврдувале апостолската наследност.

Ние во Македонија по Божја милост своите христијански темели  ги наоѓаме врз проповедта на апостолот Павле, кој ги организирал и Првите цркви на македонските простории: во Филипи, Солун, Бер… А таму, пак, каде што имало формално црковни заедници, светиот апостол Павле, ракополагајќи, оставил свои наследници. Така, Црквата во Македонија, помогната од Светиот Дух, растела брзо. Древните градови сведочат за Богат Духовен живот уште во првите христијански векови. Епископија од Македонија учествувала на вселенски собори. Од добро организираните цркви израснала и самостојна Црква, позитивна како Јустинијана Прима.

Апостол Павле

Во Македонија, во градот Солун, се родиле рамноапостолите Кирил и Методиј (IX век), кои имале исклучителна улога во запазувавето на културата, писменоста и самобитноста, како на македонскиот, така и на словенските народи. Покрај нив израснале охридските чудотворци – светите Климент и Наум, продолжиле  на Павловото и делото на своите учители. Светиклиментовата архиепископија, како дел од едната, света, соборна и апостолска црква, опстојувала се’ до нејзиното неканонско укинување од Великата Порта, во 1767 година.  Тој трагичен настан за Црквата во Македониjа, предизвика последици на ерархиски, духовен, национален и црковен план за македонскиот народ. Македонија и нејзиното минатото, по укинувањето на архиепископијата,стави крај на отоманското добро и духовното ропство. Со разграбавењето а подоцна и откупувањето на македонските епархии, се разнебитувало и националното ткиво на македонскиот народ.

Во тие два века на најтешкото ропство, ретки биле они со македонско потекло кои можеле да бидат избрани во највисоките ерархиски чинови на црквата што владејачка во Македонија. Поробителитенноселе своимкадри за да можат поуспешно да ја реализираат 

однародувачката стратегија кон македонскиот народ. Тоа најдобро се поврдило кога по Втората светска војна, не само во Македонија, туку ни во една од соседните цркви кои владееја со македонските простори, во нивни редови немало архиереј по потекло Македонец, кој би можел да се става во среќа на својот народ и Црква.

Изборот на архимандритот Доситеј, управникот на патријаршискиот двор во Сремски Карловци, за викарен епископ на српскиот патријарх, е особено значаен настан за поновата историја на Македонска православна црква. Имано, на 22 јули 1951 г., во

Соборната црква во Белград, била извршена хиротонијата на новиот викарен епископ Доситеј, со титула Топлички. 

Своето припаѓање кон македонскиот народ и црква, епископот Доситеј го потврдил и со доаѓањето во Македонија и посетата на Скопје,

Прилеп, Битола, Охрид, Струга, Тетово и Куманово, во декември 1951 година. Ако се имаат предвид овие податоци, тогаш сосема очекувано било она што се случило на Вториот црковнонароден собор во Охрид, во 1958 година, кога епископот Доситеј едногласно бил избран за Архиепископ охридски и македонски и митрополит скопски. 

Така, имајќи го него на чело на Македонската црква, како домашен архиереј во текот на 1959 година во сослужение на српскиот патријарх Герман, бил ракоположен во епископ преспанско-битолскиот Климент на 19 јули во храмот „Свети Мина“ во Скопје), а потоа од

двајцата македонски архијереи бил хиротонисан и злетовско-струмичкиот епископ Наум. 

На 13 мај 1966 година била извршена хиротонија на епископот Велички Методиј, идниот  митрополит дебарско-кичевски. На 12 јули 1967 година, во храмот „Свети Димитриј“ во

Скопје бил хиротонисан архимандритот Кирил за епископ Тивериополски кој набрзо потоа бил назначен за митрополит на Македонската православна епархија за Америка, Канада и Австралија. Со петтемина архијереи биле задоволени потребите на постојните

епархии на Македонска православна црква, и во Татковината и меѓу иселениците Македонски.

Овој петочлен Архиерејски синод на Македонска православна црква, на 17 јули 1967 г. донесол историјаска Одлука за возобновување на автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква, Одлука што била едногласно и

еднодушно прифатена од членовите на Третиот црковнонароден собор, одржан во Охрид на 17 и 18 јули 1967 година. 

Тој Синод, на чело со архиепископот Доситеј, има новоапостолска улога во периодот на возобновување и организирање на Македонска православна црква во првите дена на нејзиниот автокефален живот. Од Доситј, преку другите од него и со другите ракоположени, продолжува да трае најзначјното во црковната ера на Македонска православна црква – апостолското преемство.

Од тој аспект, Неговото високопреосвештенство митрополитот господин Кирил има исклучителна улога во поновата историја на возобновената Македонска православна црква. Тој е еден од доносителите и потписниците на Одлуката за возобновување на Охридската архиепископија и, со досега четирисет годишното архиерејско дејствување, си обезбеди заслужено место во обновениот живот на нашата Света македонска православна црква.

Преку перото на Славе Николовски-Катин во монографија „Митрополитот Кирил“ многу аргументирано, детално и хроношки е отсликано негово архипастирско дело. Така, со нашиов краток Вовед, сакавме да упатиме кон тоа – колку е значајно и незаменливо за Црквата Христова, а како нејзин дел и за Македонска православна црква – апостолското преемство. Впрочем, преку таа прва архиерејска генерација, во возобновениот живот на Македонска православна црква, ние го  примивме она што тие го примиле пред нив, ја примивме благодатта што се предава од едни на други, од апостолско до наше време“, напиша поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *