ПОЗНАТИОТ КОРЕОГРАФ ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ ОД ЊУЈОРК 16)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИНВо 1991 година,  Државниот архив на Македонија од Скопје ја основа фондацијата “Георги Томов – фолклористот”, како признание на неговите културни активности за зачувување и презентирање на богатата разноликост на македонската народна уметност во Соединетите Американски Држави, Канада и во Австралија. Тоа е потврда на фактот дека зголемениот интерес кај младите луѓе да научат повеќе за   меѓународниот фолклор ги води кон подобро меѓусебно разбирање со народите од другите земји.Георги Томов се вработил како скулптор во Њујорк во Скулптур Хаус. Негово значајно вајарско дело беше скулптурата на коњ во природна големина. Делото беше поставено на влезот на Бадвајзер музејот во Коперстаун, Њујорк, но денес се наоѓа во Bools Garden на Флорида. Тој е автор и на заштитниот знак на Canadian Spirits Company – војникот Бифитер, а неговиот потпис се наоѓа и под коњчето што веќе долги години е препознатлив знак.Исто така, човекот што цели 50 години ја прославува[e македонската култура, орото, песната и традицијата ширум светот, има[e извајано голем број други скулптури како: бисти, минијатури, предмети и слично. За неговата работа како сцулптор ќе позајмиме дел од текстот на Алберт Кеј, концертен уметнички директор, кој, меѓу другото, го напиша следното:„Илјадници луѓе кои го запознаа Георги (Џорџ) Томов видоа дека  патувањата комбинирани со неговото знаење за играта на телото се визуелно прикажани во неговите склуптури. Неговата специјалност е портретирањето; секое дело го ‘заробува’ карактерот, расположението и карактеристиките на телото така што делото дејствува како да е живо.Тој како уметник со срце бил прогонуван да создава совршени вајарски дела. Неговата крајна желба била да се пресели во еден мирен, тивок град на запад и да прави она што најмногу сака – да твори со својот ум и своите раце.Ѓеорѓи Томов ги искористува можностите кои Њујорк ги нуди и целосно ги исполнува своите денови. Држеше предавања како гостин-предавач во Универзитетот Њујорк, пишуваше написи за Фолк Магазине и го правеше распоредот за серија предавања на колеџи на Западниот брег.Плановите за свое студио каде ќе држи часови за фолклор и за вајарство се исполнија и Ѓеорѓи ја задоволи својата амбиција да дава часови и прифати една од многуте понуди да предава на универзитетско ниво.Алберт Кеј го напиша  и следново за Георги Томов:„Народните ора, според својата дефиниција, се традиционален начин на општествено самоизразување кои евоцираат емоции кај луѓето – манифестирање на љубов, додворување, општествени обичаи, дружељубивост, среќа и радост на животот.Танцувањето обезбедува една колористична и графичка алка во која се спојува потребата да се изразат чувства преку движења со среќата која произлегува од дружењето со другите кои го споделуваат истиот ентузијазам за оваа најстара, а сепак, најмодерна форма на танцување.Денес, кога човекот, кој поседува цела лепеза чувства, е погоден од стресот и притисокот, постои потреба за опуштање во изразувањето кое се манифестира со убавите движења на телото во форма на народни ора.Како бегство од едноличниот свет и како прибежиште од секојдневните грижи и проблеми, танцувањето нуди мир и радост во форма на енергични и корисни физички активности поврзани со потребата на човекот да биде заедно со оние кои споделуваат исти интереси.Убавината на македонското топло сонце, вечното сино небо, нејзините планини и реки, нејзините сребрени езера – сите тие зрачат во мелодиите и ритмовите на вајарството на Ѓеорѓи (Џорџ) Томов“, напиша Алберт Кеј.Женската група на ансамблот „Томов“Значаен прилог за фолклористиката во САД, а со тоа и во Македонија и пошироко, се неговите текстови посветени на македонските игри и песни. Наредните два текста на Георги (Џорџ) Томов се токму такви.Тие се објавени во списанието “Вилтис”, “Надеж”, од Денвер, Колорадо, списание за фолклор и народни игри, во кое,  во превод на авторот на овие редови Славе Катинмеѓу другото се вели дека важен елемент во македонската национална историја е креативноста на земјата и еден сегмент од таа креативност ја прегрнува виртуозноста на македонските ора, од една страна, и импресивната акција/дејство од друга страна.Македонското народно оро одразува една специфична карактеристика на нацијата, со фрапантна благонаклоност кон соседните држави и народи. Во исто време, македонските народни ора самите по себе имаат индивидуалност со вродена елегантност во сложените движења и целосна преданост кон телото и душата.Тие имплементираат една специфична хармонија и ги подигнуваат чувствата на степен на крајна перфекција. Тие повикуваат на прекрасно, емотивно и ритмично движење на телото кое евоцира вечна инспирација.Македонскиот материјален и духовен простор никогаш не бил затворен. Напротив, македонските духовници, културолози, писатели, ликовни, фолклорни и други творци постојано биле дел од хуманистичките текови и поборници на светлата иднина на човештвото.Таа се заснова врз македонската култура, традициите и обичаите. Затоа и Георги (Џорџ) Томов ги следел патеките на македонските видни дејци и народни творци од минатото и денес неговите знаења од фолклорот од Македонија и пошироко од Балканот ги пренесувал во новите срединиПродолжуваПишува СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *