Обука од ГШ на грчката одбрана за вооружените сили на Северна Македонија за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО

Генералштабот на националната одбрана на Грција реализирал обука за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО, врз основа на грчкиот модел за припадниците на вооружените сили на Република Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од ГШ на грчката одбрана, обуката била спроведена од 25 до 29 март 2024 година во Скопје, а учествувале и припадници на вооружените сили на Црна Гора.

– Конкретната обука е прва од ваков вид што годинава се одржува во Скопје во рамките на воената соработка на двете земји, а се однесува на поврзувањето на одбранбеното планирање и стандардизацијата на Алијансата, врз основа на грчкиот модел и најдобрите практики, соопштија од Генералштабот на грчката национална одбрана.

One thought on “Обука од ГШ на грчката одбрана за вооружените сили на Северна Македонија за стандардизација и одбранбено планирање на НАТО

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *