Евроинтеграциите и уставните измени во фокусот на претседателските кандидати, продолжува изборната кампања

Кампањата за претседателските избори влегува во шестиот ден. Кандидатите за претседател и денеска имаат закажани митинзи и средби со граѓани на кои ќе ги претстават своите изборни програми. 

Двајца кандидати за претседател денеска ќе бидат во посета на тетовскиот крај. Кандидатката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во посета на тетовско Теарце и Брвеница, како и во скопската општина Ѓорче Петров, а централниот митинг ќе го одржи во Куманово, додека кандидатот на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе има средби со жители на Јегуновце, Теарце, Брвеница и Тетово. 

Кандидатката на „Левица“ Билјана Ванковска денеска во скопска Автокоманда и во Неготино ќе има средби со граѓани на кои ќе ја претстави изборната програма. 

Од кандидатите од албанските партии кандидатот за претседател на ДУИ и коалицијата „Европски форнт“ Бујар Османи во Старата скопска чаршија ќе одржи отворена дискусија на тема „Граѓански устав vs. Oхридски устав“, а претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција Арбен Таравари ќе има средба со Платформата на невладините организации за борба против корупцијата. 

Во фокусот на вчерашните митинзи на претседателските кандидати беа евроинтеграцијата и уставните измени, а дел од нив се осврнаа и на приведувањето на новинарот Фуркан Салиу.

Претседателскиот кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски повика на сплотеност за да се реализираат стратешките цели на државата, а едната од нив, како што рече, е членството во Европската унија бидејќи, како што посочи, се друго е враќање назад кон балканското минато кое е обременето со конфликти и омраза. 

SDSM-backed presidential candidate Stevo Pendarovski said late Monday the European Union membership is the only alternative for the country's progress.

Оваа политичка гарнитура, според Пендаровски, има план и визија како да ја внесе државата во Европската унија до 2030 година. Како два клучни моменти за државата во изминатиот период ги посочи членството во НАТО и отпочнувањето на преговорите со Европската унија. Во моментот, како што рече, благодарение на синергијата меѓу надворешните и внатрешните непријатели, сме самоблокирани што значи изолација на долг рок доколку на 24 април не победи коалицијата за европска иднина. 

– Првиот круг на претседателските избори на 24 април ќе биде клучен за да ја завериме победата на 8 мај затоа што тогаш ќе се оцрта силата и потенцијалот на оние граѓани кои сакаат државата да биде демократска и европска, истакна Пендаровски.

За евроинтеграција на државата се и кандидатите за претседател на ДУИ и на здружената албанска опозиција. 

Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт Бујар Османи вчера порача дека уставни измени мора да има ако сакаме мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности за сите.

Kandidati për president i mbështetur nga – Овие избори се историски и се специфични. Овие избори не се натпревар помеѓу различни политички партии, помеѓу различни кандидати на изборната сцена. Ова е избор помеѓу две визии, концепти – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности, и е економски развиена и алтернативната понуда е изолација од светот, етнички тензии, регрес и враќање назад по однос на економскиот стандард. Уставните измени се едeн од предусловите за да ја одбереме едната или другата визија. Уставни измени мора да има оваа година за да можеме да ги отвориме поглавјата и до 2030 година да станеме членка на ЕУ, рече Османи на панел-дискусијата „Еднаквост, консензуалност и социјална кохезија“.

Секој што нема да ја поддржи европската опција, според Османи, дури и да не гласа, ја поддржува опцијата за изолација.

И за претседателскиот кандидат на здружената албанска опозиција Арбен Таравари, европската интеграција е приоритет за државата, а за уставните измени смета дека шест месеци е добар период за да поминат овие измени. 

– Има еден договор меѓу нас, „Вреди“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата. Остануваме на тоа, но временски не можам да кажам „пред да се формира владата“, туку дека ние сме најголемата гаранција за идната влада дека ќе продолжи по европскиот пат, онака како што сакаат повеќето граѓани на Македонија, рече Таравари. 

Ekziston një marrëveshje mes nesh,

Кандидатката за претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска-Давкова од митингот во Битола ги повика оние што тврдат дека државата ќе биде во изолација доколку ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, да покажат кој нив ги поддржува. 

– Овде беше присутна во знак на поддршка, дури и вчера не придружуваше на собирите една од најпознатите пратенички од шведскиот Риксдаг, Маргарета Цедерфелт. Дали е тоа изолација? Во Букурешт имав можност, благодарение на ВМРО-ДПМНЕ, да се сретнам со многу познати политички личности. Па, за каква изолација зборуваат!, праша Силјановска Давкова.

Those who claim we will be isolated if we come to power should show who is supporting them at these elections, said VMRO-DPMNE-backed presidential candidate Gordana Siljanovska Davkova at a r

Најави дека ќе работи на единство на нацијата и на државата и дека во нејзиниот Кабинет ќе има жени со што ќе им докаже на мажите дека се откажуваат од многу ум кога говорат за квоти во политиката. 

Кандидатката за претседател од „Левица“, Билјана Ванковска на средбите со граѓаните на Гевгелија и Богданци го повтори ставот за укинување на трите, според неа, штетни договори што ја влечат земјата надоле – Охридскиот, Преспанскиот и Бугарскиот договор.

Според Ванковска, членувањето во некои идни сојузи не смее да биде заради интерес на некои други држави и геостратегии, туку да биде само заради интересите на државата и на македонскиот народ.

Në rajonin e Ohrit sot ishte karvani i kandidatit për president nga Lëvizja ZNAM - Për Maqedoninë tonë, Maksim Dimitrievski.

Претседателскиот кандидат на ЗНАМ-За наша Македонија, Максим Димитриевски од Охрид порача дека на државата и треба претседател кој ќе ги штити интересите на граѓаните и кој нема да биде во функција на политичките субјекти. Повтори дека како претседател никогаш не би потпишал закон што е спротивен на волјата на граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *