Вархеји: ЕУ поддржува целосна имплементација на заедничкиот пазар на Западен Балкан

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска соопшти дека Европската унија го поддржува целосното спроведување на Заедничкиот пазар на Западен Балкан (ЦРМ).

– Се сретнав со специјалниот германски пратеник за Западен Балкан, Мануел Зарацин, разговаравме за агендата на следниот Самит на Берлинскиот процес. Нашата цел е на преговарачка маса да разговараме за постепена интеграција на регионот во единствениот пазар на ЕУ, напиша Вархеји на Х.

Тој додаде дека и со задоволство разменил мислења со британскиот амбасадор во Европската унија, Линдзи Еплби, за поддршката за Украина, Западен Балкан и ситуацијата во Газа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *