САД ги продолжија санкциите против Русија за една година поради војната во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден продолжи за една година одредени санкции воведени против Русија поради ситуацијата во Украина, пренесуваат руски медиуми повикувајќи се на документ објавен на веб-страницата на Белата куќа.

Станува збор за рестриктивните мерки што сегашната администрација ги примени кон Русија на 21 февруари 2022 година, претходната администрација на Доналд Трамп на 20 септември 2018 година и администрацијата на 44-от американски претседател Барак Обама во март и декември 2014 година во врска со Крим.

– Сите овие санкции мора да останат во сила и по 6 март 2024 година. Дејствата и политиките опфатени во овие извршни наредби продолжуваат да претставуваат невообичаена и исклучителна закана за националната безбедност и надворешната политика на Соединетите Американски Држави, се наведува во документот.

87 thoughts on “САД ги продолжија санкциите против Русија за една година поради војната во Украина

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *