Долгот на САД достигна неверојатна вредност – 34,4 билиони долари

Долгот на Соединетите Американски Држави (САД) достигна неверојатна вредност од 34,4 билиона долари, а од јуни минатата година е регистрирано забрзано темпо на задолжување, соопшти Министерството за финансии.

Последниот долг од „два билиона“ (две илјади милијарди) е регистриран за само 200 дена – билион за приближно 100 дена, според новообјавените податоци.

Колку е забрзано темпото на задолжување покажува и информацијата дека во периодот пред минатиот јуни на државата во просек и биле потребни дури осум месеци за да го зголеми долгот за уште нови билиони долари.

Мајкл Хартнет, инвестициски стратег во Банката на Америка, втората по големина инвестициска банка во САД, верува дека темпото на задолжување ќе остане на ова ниво и дека натамошното зголемување на долгот од 34 на 35 билиони долари исто така ќе се случи на краток рок за само 100 дена.

Познатиот инвестициски сервис Мудис неодамна го намали кредитниот рејтинг на американската сојузна администрација од стабилен на негативен, што значи дека постои одредена загриженост за ажурноста и можноста за редовна отплата на долгот.

„Мудис“, како што е нагласено, очекува дека фискалниот дефицит на САД во иднина ќе остане на високо ниво, како и дека големото и постојано зголемување на долгот ја доведува во прашање економската логика на натамошно задолжување.

Американскиот долг во декември лани изнесува 124,2 отсто од годишниот бруто национален производ и е зголемен за речиси два отсто во однос на третиот квартал од минатата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *