КОЈ Е ГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ НАУЧНИК НИКОЛА ТЕСЛА

Големиот научник Никола Тесла се почитува и слави и во Хрватска и во Србија и во Соединетите Американски Држави и во целиот свет. Тоа го потврдуваат современите проучувачи на ликот и делото на Никола Тесла, кои го нарекуваат “Човекот што го измислил дваесеттиот век“ и “светецот – заштитник на модерниот електрицитет.“

Никола Тесла беше научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката, познат како татко на наизменичната струја и бројни футуристички пронајдоци, голем патриот, борец за мир и братољубие меѓу луѓето и народите.

Според историските податоци, Никола Тесла е роден  на 10 јули 1856 година, во селото Смиљани, во Лика, Хрватска, во православното семејство на свештеникот Милутин Тесла, мајка му Георгина Мандичева, братот Дане, сестрите Милка и Марица.

Меѓутоа, според повеќе истражувања, потврдено е дека семејството на Никола Тесла е од  селото Извор кај Богомила, во Македонија. Така и прекарот Тесла, односно Тесличкови го добиле по дедото од татко му,на Никола роден во село Извор, Велешко.

Никола Тесла е роден како етнички Србин  во селото Смиљан, во Хрватска, во рамките на Австриската империја. Неговиот татко, Милутин Тесла (1819–1879),[4]бил свештеник на Источната православна црква.  Подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД.  

 Никола Тесла често со роднините се допишувал и на македонски јазик. Исто така и неговиот најблизок соработник, Михајло Пупин, кој беше со македонско потекло од фамилијата Пупинови од Вевчани, Струшко, во исто време се допишувал со фамилијата како и Никола Тесла и на македонски јазик. Пупин праќај писма, пакети, испратил како негов поклон и камбанарија за црквата во неговото село Бебчани, како и ја подалир познатата камбанаријата во дворот на црквата Св. Климент во Охрид.

Инаку Никола Тесла и Михајло Пупин заедно работеле на првата хидроцентрала во светот и градење на првата дистрибуција со далноводи, сега таа мрежа е светска. Ако појдете кај Нијагара, упатете се кон долгиот мост – границата помеѓу Канада и Соединетите Американски Држави. Таму биле лабораториите, архивите, писмата до своите роднини и се’ друго.

Интересно е да се спомене дека на порталот „Македонска нација“ од Скопје е објавена фотографија на Никола Тесла со македонска народна носија во својата младост, некаде околу 1880 година. А во прилог на објавата пишува: “Никола Тесла важи за најголемиот, најповлечениот и најслабиот по здравје од сите гении“.

1src44

Никола Тесла во македонска носија

          Од пишаните документи се знае дека Никола Тесла е светски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електрониката и радиотехниката, познат е како татко на наизменична струја и бројни футуристички  пронајдоци.

          Никола Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот  кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теориска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на неизменичката струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукционион мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.  

           Голем дел од неговата научна работа ќе стане основа за модерното инженерство, а многу од неговите откритија се од непроценлива важност за развитокот на модерната цивилизација. Во текот на овој период, во САД, славата на Тесла била споредлива само со онаа на најголемите научници во историјата или ѕвездите на популарната култура, но како резултат на неговиот ексцентричен карактер и неверојатни, понекогаш и фантастични тврдења за можни научни и технолошки откритија, Тесла на крајот завршува исмеан и обележан како луд научник. Никогаш не грижејќи се за пари, Тесла умира осиромашен и заборавен на возраст од 86 години.

Во пишаните биогравски податоци за Никола Тесла е забележано дека тој школувањето го започнал во родното место во селото Смиљани, во Лика, каде ги поминал најбезгрижните денови на својот живот. По несреќниот случај, кога на фамилијата Тесла им загинува прворедениот син Дане, фамилијата се сели во Госпиќ, каде младиот Никола го продолжува школувањето.

Никола го измачувал фактот дека по завршување на гимназијата во Карловац ќе треба да ја продолжи фамилијарната традиција и да стане свештеник. Тоа не му давало мир, бидејќи искрено го интересирале природните науки. По завршување на карловачката гимназија, Никола се враќа во Госпиќ и се разболува од колера. Меѓутоа, во 1875 година  Никола  се запишал на Вишата техничка школа во Грац. Потоа, во 1879 година почнува да работи како помошник инженер во Марибор.

Истата година умира татко му и за да ја исполни неговата желба да заврши факултет, 1880 година, Никола запишува факултет во Прага. Годините кои следат претставуваат значаен период во неговата кариера. Така, по работата во Будимпешта во Централниот телефонски уред, следел пронајдокот обртно магнетно поле во февруари 1882 година.

Истата година по препорака од своите претпоставени се вработува во Париз во Едисоновото континентално друштво. Тука поминал две години на многу одговорни работи. Неговата умешност не можела да помине неприметено, па е препорачан и на самиот Едисон. Во тоа време Едисон бил најзначајната личност во техниката во САД, херојот на електриката, кого цела нација го славела. Тој на Никола Тесла му дал работа во својата лабораторија во Њујорк во 1884 година, но нивната соработка не траела долго.

Во Њујорк започна  името на Никола Тесла да се извикува гласно, со голема почит што овој човек ја заслужуваше. Како резултат за тоа, по доаѓањето во САД и постигнувањето на видните научни резултати, бројни здруженија, студентски и инженерски организации започнаа да го чуваат споменот на великанот на светската наука.

За него се напишани многу книги и раскажани разни можни и невозможни теории, но само една е вистината. Никола Тесла беше голем научник, човек без чии пронајдоци тешко би можеле да живееме онака како живееме денес, со многу комфор и слобода што ни ги пружа електричната енергија. Наша должност е да не дозволиме да се заборави неговото име.

Исто така, во биографијата на Никола Тесла е забележано дека незадоволен од односот на претпоставените кон неговата работа, тој веќе во 1885 година го напушта Едисон и со помош на некои инвеститори ја основа компанијата “Tesla Arc Light Co”. Тука тргнал во реализација на своите проекти од областа на полифазни наизменични струи.

По предавањето “Нов систем на мотори и трансформатори на наизменична струја“ кое го одржал на 16 мај 1888 година пред Американскиот институт на електроинженери (AIEE), Никола Тесла добил понуда од компанијата “Westinghouse“ за откуп на патентите од областа полифазна струја.

Научното постигнување на Никола Тесла е многу големо, но ние ќе потенцираме дел од неговото постигнување. Имено,  запишано е дека во еден подолг период Тесла работел на практична примена на своите пронајдоци со инженерите од “Westinghouse”. Потоа,  во јули 1891 година добива државјанство на САД, за потоа добар дел од 1892 година Никола Тесла поминал во Европа.

Преку многубројни предавања ги промовирал своите идеи. Своето предавање “Експерименти со наизменичните струи со високи напони и високи фреквенции“ го одржал во Англија пред Институтот на електроинженери и Кралскиот институт. Истото предавање го одржал во Париз пред Меѓународното друштво на електричари и Француското друштво за физика. Потоа, го посетил и Белград, каде останал три дена.

Во 1892 умира мајка му и оваа загуба му паѓа многу тешко. Потоа се враќа во САД каде уследила нова борба. Заговорниците на употреба на еднонасочна струја, воедно и некои од противници на наизменичната, предупредувале на опасноста од користење на наизменична струја. Триумфот во оваа борба, позната како “Војна на струите“ во 1893 година го понеле оние кои имале повеќе визија. Таа година светската изложба во Чикаго била осветлена со помош на наизменична струја.

Следело истражување е во полето на бесжичен пренос на сигнал и енергија. Својата идеја и намерата истражувањето да го насочи во овој правец, Никола Тесла јавно ја изнел во говорот за време на пуштањето во погон на електраната на Нијагарините водопади во 1897 година.

Во 1919 година Никола Тесла ја објавил својата автобиграфија преку серија написи во списанието „Electrical Experimenter“. Можеле да се прочитаат неговите, често и премногу, сензационални изјави. Изјавите “Растурање на торнадо“, или “Како да се сигнализира на Марс“, тогаш повеќе се сметале како резултат на бујна фантазија, отколку можно научно достигнување.

Никола Тесла некако опстојувал од помош на пријатели и скромна пенизја која нерадо ја прифатил од тогашната југословенска влада. Неговото здравје се влошило по смртта на неговите пријатели Robert Underwood Johnson и Richmond Pearson Hobson во 1937 година.

Сам, без фамилија и само во друштво на внукот Сава Косановиќ и неколку пријатели, Никола Тесла ретко се појавувал во јавноста во доцните години од својот живот. Исклучок била посетата на Крал Петар II Караѓорѓевиќ кој дошол да се запознае со Никола Тесла во јуни 1942 година во неговиот апартман во хотелот “Њујоркер“, каде што Никола Тесла ги поминал последните десет години од својот живот.

Во осумдесет и седмата година од животот, во хотелот “Њујоркер“, на 7 јануари 1943 година, престанало да чука срцето на овој племенит научник. Потоа, во катедралата на “Свети Јован Богослов“ на 12 јануари 1943 година, на неговиот погреб, се собрале 2.000 луѓе, меѓу кои имало голем број научници, добитници на Нобелова награда, светски признати имиња од областа на електротехниката, југословенски дипломати и други. Денес посмртните останки на една од најзначајните личности на минатиот век се наоѓаат во музејот на Никола Тесла во Белград.

Треба да се одбележи дека тогашниот градоначалник на Њујорк, Fiorello La Guardia, одржал посмртен говор кој бил директно пренесуван на радио Њујорк: “ Тој, меѓу другото рекол: „Тесла беше голем хуманист, чист научен гениј, поет во науката. Тој правеше извонредни, запрепастувачки, чудесни работи во текот на својот живот. Го правеше тоа едноставно за да му служи на човечкиот род, а за своите услуги не бараше ништо. Парите не му значеа ништо. Почест – тој што може друг да почествува, тоа беше неговиот став. Благодарност – тој ниту очекуваше, ниту бараше. Оној значаен дел на Тесла живее во неговите достигнувања, кои се огромни, скоро невозможно да се пресмета, тие станаа составен дел на нашиот живот и составен дел на нашата цивилизација, нашето секојдневие…“

Во 1943 година, Врховниот Суд на САД го прогласи Никола Тесла за единствен пронаоѓач на радиото. Многу од неговите откритија се искористени, дел со примеси на контроверзија, за да поддржат теории во областа на псевдонауките, НЛО потрагите, како и на полето на окултизмот. Иако бил номиниран за Нобелова награда, никогаш не го добил ова големо признание..

Пишува; СЛАВЕ КАТИН