ПЕТОК Конференција на УСАИД за патот на Македонија од развој до самоодржливост

По повод одбележувањето на 25-годишнината од работењето на УСАИД во Македонија денеска ќе се одржи конференција за млади лидери на тема „Патот на Македонија од развој до самоодржливост”.

Воведно обраќање на конференцијата ќе има претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери, а со свои говори ќе се претстават соосновачката на бизнис академијата и акцелератор Њуменс, Ирена Чаушевска, извршната директорка на Младинскиот образовен форум Дона Костуранова, директорот на основното училиште „Кирил и Методиј” од Тетово Сатки Исмаили, основачката и извршна директорка на „Една прави” Дороти Пачкова, раководителката на програми во „Полио плус” Елена Кочоска и Сефер Селими, основач на здружението за унапредување на демократијата „Демокраси Лаб.

На полудневната конференција ќе се одржи и панел дискусија на тема „Што е потребно за да се биде успешен во Македонија?” со панелистите Нина Ангеловска, соосновачка и генерална  извршна  директорка на „Групер”, Жарко Димитриоски, соосновач на агенцијата „1 на 1”, Ана Голејшка од „Ретвитни оброк” и Мерал Мусли Тајроска, амбасадорка и претставничка од Македонија на организацијата „Жени без граници”.

Завршен говор предвидено е да одржи американскиот амбасадор во Република Македонија, Џес Л. Бејли.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *