Претседателот на техничката Влада, Талат Џафери од денеска е во работна посета на Тирана, Република Албанија.
Џафери, како што соопшти владината прес – служба, ќе има обраќање на Регионалниот самит за развој на Западен Балкан, во чијшто фокус е Планот за раст на Западен Балкан усвоен од Европската комисија, а предвидено е да оствари и средба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски на која ќе биде потпишана Заедничка Декларација на Република Северна Македонија и Украина за евроатлантските интеграции на Украина.
На Самитот, како што е наведено во соопштението, ќе се разговара за унапредувањето на регионалната соработка и реализацијата на Заеднички регионален пазар како процес на постепено вклучување во Единствениот европски пазар.
Според агендата, Џафери е предвидено да се обрати на панелот „Вовед во единствениот пазар“.
На Регионалниот самит за развој на Западен Балкан во Тирана, којшто е продолжување на состанокот од минатиот месец во Скопје, се лидерите на државите од Западен Балкан, како и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји.
Во состав на владината делегацијата се и првиот заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Бојан Маричиќ, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик министерот за финансии Филип Николоски.
af7y8l