Во Скопје денеска ќе се одржи научна трибина по повод одбележувањето на 70 годишнината од егзодусот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија.
Воедно трибината е во пресрет на Петтата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, која ќе се одржи од 19-21 јули годинава.
Организатори на настанот се Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од Егејскиот дел на Македонија „Т`га за југ“ со здруженијата од Штип, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Битола, како и здружението „Чеган”.