МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ ОД ТИРАНА – ЗНАЧАЈНА АСОЦИЈАЦИЈА ВО АЛБАНИЈА

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН 

ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКИТЕ ИНФОРМАТИВНИ ГЛАСИЛА ШИРУМ СВЕТОТ 

Македонското друштво „Илинден“’ од Тирана е формирано од група граѓани со македонско потекло што живеат во главниот град на Албанија, а со цел да ги заштити и афирмира македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на македонското национално малциство во Република Албанија.

Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 во Тирана, а оваа година се навршуваат петнаесет години од неговото постоење и работа. 

Македонско друштво ”Илинден” е регистрирано во Основниот суд во Тирана. Особено  значење за работата и информирањето за активностите на Македонското друштво “Илинден“ е објавувањето на Македонски весникот “Илинден” кој покрај печатеното има и електронско издание. Во него се објавуваат различни теми од животот на Македонците во Република Албанија и насекаде во светот, со особена нагласка на живот и активностите на Македонцире во Голо Брдо и Гора, Мала Преспа, и други делови на Албанија, каде живеат Македонци.

Значајно е да се потенцира дека Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, чиј претседател е Никола Ѓурѓај отвори свој огранок во областа Голо Брдо на 15. 10. 2012 година. Неговата цел е заштита на интересите, културата и традицијата на македонското национално малцинство во oбласта Голо Брдо и Гора. Исто така, треба да се одбележи растот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во 2021 година кога беше назначено за координатор за округот Елбасан.

1tri2

Имајќи ја предвид потребата да се контактира со институциите во татковината, пред сѐ заради поддршка на значајни проекти за Македонците во Република Албанија, во 2020 година беше именуван генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината  Македонија. Исто така, долгогодишната присутност на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во Федералната унија на европските националности и други меѓународни организаци ја покажа потребата од назначување на меѓународен кординатор на Друштво, што беше реализирано во 2023 година.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од петнаесет години оствари безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширива со невладиниот сектор, во земјата и странство. Исто така, членовите на Друштвото имале бројни официјални посети и средби за соработка со  владини институции, во Република Албанија и во матичната држава Македонија, како и со меѓународни организации.

Како резултат на таквата соработка Друштвото стана член на Федералната унија на европските националности на 16 мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учестува во сите конгреси и поднесува резолуци, што придонесува Македонското друштво “Илинден”-Тирана да биде рамноправен член и да се залага за Македонското национално малциство во Албанија.

Во изминатите години членови на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, имаа можности да остварат бројни работни и официјални посети, да се сретнат и да соработуваат со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Македонија и со бројни меѓународни организации.

Инаку, Македонско друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на борбата за македонското национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата и правата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.

Друштвото, меѓу другото, се бори за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија, упатува добронамерна критика до Владата на Република Албанија и до надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нивното барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци. Пота бараат Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Во исто време, Македонско друштво “Илинден“ бара од Владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, кој што е потребен за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата.

Нивните ставови за Законот за националните малцинства во Република Албанија се исти како и пред донесувањето на овој Закон. Неколкупати укажале, дека Законот треба да ги реши горливите проблеми на националните малцинства, но со новодонесениот Закон се постигна токму спротивен ефект. Донесе дополнителни проблеми, кои се негативни не само за Македонците, туку и за Република Албанија во целина.

1tri22

Затоа Македонско друштво “Илинден“ го повикува Комитетот за национални малциства да покаже поголема активност за малциствата и за Македонско национално малциство во Република Албанија, а не да биде во сенка. Комитетот треба да ги воздигне малцинствата и да им помага во борбата за опстанок во Република Албанија. Притоа се потенцира дека Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави.

Во исто време Друштвото бара од Владите на Албанија досегашното тело Комитет за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата.

Затоа, Друштвото смета дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна на медиумите во државата.

Во чест на 15-годишнината од постоењето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана претседателот Никола Ѓурѓај  ги повика сите државни институции, како и сите политички партии и невладиниот сектор во Албанија и Македонија да дадат поддршка за решавање на проблемите што се соочуваат Македонците во Република Албанија.