АНСАМБЛОТ “ТОМОВ” – АМЕРИКАНСКО – МАКЕДОНСКА ФОЛКЛОРНА РИЗНИЦА ВО ЊУЈОРК (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Со господинот Георги (Џорџ) Томов одевме и пешки по улиците, иако тешко се пробивавме низ толпата пешаци, но се возевме и со метрото. Често правевме споредби со корзото во Битола и Охрид, а некогаш тоа беше традиција во Скопје и во други градови во Македонија. За разлика од Македонија, а и во разни градови и држави во светот, животот во Њујорк е на улица, но и под земја, каде се наоѓаат милион дуќани, локали и друго.

Под површината на њујоршките улици и згради се наоѓа густа мрежа на подземни патишта и пруги на подземни железници, водоводни цевки, канали, електрични и телефонски инсталации и други уреди. Затоа често се вели дека по улиците на Њујорк никаде не може ни кол да се забие в земја, а камоли на некоја длабочина, а да не се допре нешто под нив.

Ете, тоа се особеностите на градот во кој живееше и твореше човекот кој имаше богата биографија и за кој се решив да напишам книга – монографија, дело кое е исполнето со голем број податоци и фотографии, кои зборуваат сами за себе. Исто така, во неа е опишан  големиот Њујорк, кој има жители колку Белгија, Австрија и Република Македонија заедно.

Тоа е градот на Статуатана слободата, на универзитети, театри, музеи, галерии, значајни издавачки куќи, економски, трговски, научни и други институции. Во Њујорк е седиштето на Обединетите нации (ОН). Тој е градот на филмот, музиката, љубовта, ноќниот живот…

Поради сето тоа, Њујорк стана многу привлечен туристички центар. Најпосетена е зградата на Организацијата на ОН, низ која дневно поминуваат над 3.000 луѓе, потоа Емпире стате буилдинг, Статуата на слободата и други светски споменици. Низ Њујорк годишно поминуваат околу 15 милиони туристи.

Њујорк е светска метропола. Пристаништен град, полн со движење и работа, со богатство, сиромаштво и раскош, но и со најголеми контрасти. Затоа често се вели дека патиштата  на северноамериканскиот континент, главно, водат, се вкрстуваат или заминуваат од светските метрополи, токму во Њујорк.

Затоа, не случајно се рекло дека да се биде дел од Њујорк, значи да се биде во врвот на сознанијата за напредокот на човештвото. А за нас, обичните смртници, да се види Њујорк, значи да се почувствува големината, постигнувањата и развојот на човештвото, односно човекот да се соочи на лице место со вистините кои се видени на филмското платно или на телевизиските екрани, се вели во репортажата

Овој мегалополис по многу нешта е карактеристичен, контроверзен, убав и значаен, ако не и најзначајниот град во светот, чија архитектура, култура, минато и сегашност се еден импозантен и многу впечатлив мозаик кој му дава посебен и уникатен белег.

Притоа, треба да се каже дека токму господинот Георги (Џорџ) Томов неговото дело преку ансамблите “Томов” и “Гоце Делчев” го збогатиле мозаикот на Њујорк, градот кој  од 5 август 2008 година стана и неговото вечно почивалиште.

Георги (Џорџ) Томов пристигнал во Њујорк во 1967 година кога имал само 34 години. Се нашол себеси како дел од градот што го засакал. Набрзо наоѓа работа како вајар во Куќата на скулптурите (Sculpture House). Истовремено, Георги барал каде ce играле и пееле народни песни и ора и наскоро бил вклучен во фолклорот. За неполна една година решил и така сторил. Тој формирал свое друштво

Интересно е да се спомене дека некои од луѓето во првото друштво кое изведувало народни игри и песни профитирале од неговата обука и самите со право станале водечки игроорци. Меѓу нив се Сејмор Даркхош (Seymour Darkhosh), Џон Вагнер (John Wagner) i Stiv Залф (Steve Zalph).

Истата 1969 година Мартин Кениг (Martin Koenig), познат американски инструктор за народни игри, предложил играорките од неговата група, заедно со игроорците од групата на Георги да формираат еден голем ансамбл со Георги како уметнички директор. Томов бил цврсто решен да има своја сопствена група и шест месеци подоцна ја напуштил онаа на Кенинг и продолжил по својот пат. Ја создал фолксагата „Томов”. Но, не без неговото огромно планирање и постојана работа.

1in213

Пиринска игра

Во periodot od 1970 do 1974 година работи на реализирање на дамнешниот сон за своја сопствена фолклорна група. Се враќа во Македонија и оди и во другите југословенски ре-публики да набави автентични народни носии за својата приватна колекција и за својот играорен ансамбл. Тој ја изработува кореографијата и бескрајно истражува во секоја фаза од народните игри, песни и и од фолклорот. Вo 1972 година започнува да држи часови секој петок попладне. “

Голем број од оние кои често ги посетувале овие часови, станале членови на неговата игроорна група која во септемри 1974 година го одбележу-ва премиерниот настап во Арменската црква во Њујорк. Почетокот на Фолклорниот ансамбл за народни игри „Томов” бил во Њујорк, за подоцна да гостува и во целиот свет.

Во 1974 година во Њујорк го основа Ансамблот за југословенски народни игри и ора „Томов”. Првите аудиции ги одржа на периферијата на Гринвич вилиџ (Greenwich Village) во 1975 година.

Најголемиот број од оние што доаѓаа да се обидат беа игроорци на кои Георги (Џорџ) Томов им држеше часови или кои ги имаа видено демонстрациите на југословенски игри на стручните часови и на презентациите и предавањата за народни ора во целиот град Њујорк.

Продолжува

 Пишува СЛАВЕ КАТИН

35 thoughts on “АНСАМБЛОТ “ТОМОВ” – АМЕРИКАНСКО – МАКЕДОНСКА ФОЛКЛОРНА РИЗНИЦА ВО ЊУЈОРК (12)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *