Џафери и Османи на 60. Минхенска безбедносна конференција

Претседателот на техничката Влада Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска ќе учествуваат на 60. Минхенска безбедносна конференција во чиј фокус годинава, како што соопшти владината прес-служба, е улогата на Европа во безбедноста и одбраната и значењето на проширувањето на ЕУ, во контекст на ситуацијата во Украина и случувањата на Блискиот Исток.

Џафери ќе учествува на конференцијата во Минхен до 18 февруари, ќе присуствува на повеќе централни и придружни настани и ќе оствари повеќе билатерални средби.

-Премиерот Џафери за овие и за други актуелни прашања од значење за Република Северна Македонија и за регионот, ќе разговара и на предвидените билатерални средби со претставници на високо политичко ниво од Европа, регионот и светот. Минхенската безбедносна конференција се фокусира како на традиционалната национална или воена безбедност, така и на економските, еколошките, трансатлантските и човечките димензии на безбедноста.  Се очекува и годинава на Минхенската безбедносна конференција преку дебатите на панелите да се адресираат можните решенија за најитните безбедносни предизвици во светот, наведува прес-службата на Владата.

На 60. Минхенска безбедносна конференција ќе учествува и министерот за надворешни работи Бујар Османи кој, како што соопшти МНР,  ќе има обраќање на панелот на тема „Иднината на Западен Балкан – Предизвици и можности за ЕУ и Трансатлантската алијанса”.

-На маргините на Минхенската безбедносна конференција, Османи ќе оствари билатерални средби со министри за надворешни работи на повеќе земји, соопшти Министерството за надворешни работи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *