Петровска учествува на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел 

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на министерско ниво, со кој ќе претседава генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.  

Според најавите, меѓу темите на средбата на министрите за одбрана на членките на НАТО ќе бидат подготовките за следниот Самитот на Алијансата во Вашингтон во јули, имплементацијата на одлуките од ланската средба на врвот во Вилнус, како и зголемувањето на производството на муниција. 

Дополнително, по работниот дел од состанокот ќе се одржи и заседание на Советот НАТО-Украина на министерско ниво, на кој се очекува да биде реафирмирана поддршката на Алијансата за Киев, како пример за вистинско трансатлантско споделување на товарот. 

– Ние продолжуваме да и помагаме на Украина да се доближи до стандардите на НАТО во секој поглед – од набавки, до логистика. Сојузниците продолжуваат да вршат големи испораки на оружје, опрема и муниција. Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност, изјави вчера Столтенберг во пресрет на денешниот состанок министрите за одбрана на НАТО. 

Столтенберг нагласи дека членките на Алијансата постигнаа напредок во спроведувањето на одлуките за дополнително зајакнување на одвраќањето и одбраната, пред се преку зголемување на инвестициите во одбраната во текот на минатата година за 11 отсто на над 600 милијарди американски долари. 

Тој нагласи дека во текот на оваа година очекува најмалку 18 земји членки да ја исполнат обврската договорена на Самитот во Вилнус за издвојување на средства во висина од најмалку два отсто својот БДП за потребите на одбраната. 

– Значи правиме вистински напредок. Европските сојузници трошат повеќе, изјави Столтенберг. 

Одговорните за насилниот упад на Капитол во Вашингтон мора да бидат казнети, коментираше денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на заедничката прес-конференција со претседатело

Меѓу 18-те членки на Алијансата кои оваа година ја исполнија обврската за издвојување на сума од два отсто од својот БДП за одбраната е и Северна Македонија, која 30 проценти од овие средства ќе ги намени за модернизација на Армијата.  

Генералниот секретар на НАТО потенцира и дека во рамки на напорите за дополнително зголемување на производството на муниција, изминатите неколку месеци Алијансата склучи договори во вредност од десет милијарди долари. 

Тој потсети дека во моментов во тек е воената вежба „Непоколеблив бранител“ со учество на приближно 90.000 војници од сите 31 земја членка на НАТО и Шведска, како јасна демонстрација на способноста на Алијансата. 

– Никогаш не можеме да го земеме мирот здраво за готово. Но, нема непосредна воена закана против кој било сојузник на НАТО. НАТО ќе продолжи да гарантира дека нема простор Москва да добие погрешна претстава околу нашата подготвеност и решителност да ги заштитиме сите сојузници, нагласи Столтенберг. 

Во пресрет на денешниот состанок, министерката Петровска вчера во Брисел го потпиша Договорот за Доброволен национален придонес (ВНЦ) на Северна Македонија во Одделот за јавна дипломатија на Алијансата, кој овозможува експерти од областа на стратешките комуникации и односите со јавноста во Министерството за одбрана да дадат свој придонес кон развојот во областа за односите со јавноста во рамките на НАТО.  

Предвидено е придонесот на експертите на Министерството за одбрана во Одделот за јавна дипломатија да започнат во мај 2024 година и да траат во следните две години во четири шест месечни ротации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *