ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА АКАДЕМИК СИНИША СТАНКОВИЌ (5)

Поради неговата забележителна активност, беше запишан како подржувач, како наклонет кон „движењето на лево“ во сите полициски книги. Затоа, уште во 1941 година, во почетокот на окупацијата, беше затворен и спроведен во злогласниот логор на Бањица. Меѓутоа, по извесен период беше пуштен и тој повторно ја почна својата револуционерна активност. Имено, тој работеше илегално, беше вклучен во народноослободителното движење и стана член на Главниот народноослободителен одбор на Србија.Потоа, повторно е затворен во 1943 година и спроведен во логорот на Бањица, каде што беше осуден на смрт и чекаше да се изврши стрелањето. Меѓутоа, пред падот на фашистичка Германија, успеал да побегне од логорот и живеел во илегалство.Професорот д-р Синиша Станковиќ е забележан со крупни букви и во историските мигови на земјата: рано наутро, на 29 ноември 1945 година, претседателот на Министерскиот совет, маршалот Јосип Броз Тито, воодушевено поздравен од сите присутни, влезе во зградата на Народното собрание каде што го започна историскиот чин, испишувајќи ја новата страница од историјата на Југославија.Од Сојузното собрание и Собранието на народите пристигнал предлог за прогласување на Федеративна Народна Република Југославија. Попладневната седница била отворена точно во 17:25 часот. Во големата сала биле присутни сите пратеници. Претседавачот Владимир Симиќ, тогаш претседател на Сојузниот совет на Сојузното народно собрание, го означил почетокот на заседанието. Потоа, му дал збор на д-р Синиша Станковиќ, кој полека го прочитал текстот на Декларацијата:„Демократската Федеративна Југославија се прогласува за народна република под името Федеративна Народна Република Југославија! Федеративна Народна Република Југославија е сојузна народна држава од републички карактер, заедница на рамноправни народи, кои слободно ја изразија својата волја да останат обединети во Југославија. Со оваа одлука, конечно, од името на сите народи на Југославија се укинува монархијата на Југославија, а кралот Петар Караѓорѓевиќ, со целата династија Караѓорѓевиќ, се лишува од сите права кои им припаѓаа.“Пратениците станаа. „Дали се прима Декларацијата со акламација?“ – праша претседавачот. Во тие моменти, во големата сала се разнесе аплауз, се слушна извикувањето: „Се прима!“ Потоа, од неколкуте стотини грла одекна химната „Хеј Словени“.  По последните акорди на химната, се слушна гласот на претседавачот Симиќ: „Од денес почнува да живее Федеративна Народна Република Југославија!“Така, во тоа предвечерје на 29 ноември 1945 година, всушност, е означена и зората на нова Југославија.1aus33Охридското ЕзероПознатиот ботаничар и универзитетски професор, д-р Милорад Јанковиќ, меѓу другото, го рекол и следново за професор д-р Синиша Станковиќ:„Професорот Станковиќ го познавам уште од 1945 година. Дојде од логорот и веднаш по ослободувањето почна да ја организира научната дејност во нова Југославија. Се знае дека го формира Хидробиолошкиот завод во Охрид и Институтот за екологија и биогеографија, меѓутоа малкумина знаат дека тој е еден и од основоположниците на Океанографскиот институт во Сплит.Белградскиот универзитет немаше подобар предавач од него. Многумина го нарекуваа “Синиша златоуст“. А, како поинаку поради неговата извонредна дикција и глас и со дарба за убедување – цело време го задржуваше вниманието на слушателите. Од професорот учевме како да ги вршиме излагањата. Тој не ни дозволуваше да ги читаме предавањата, туку објаснуваше дека секое предавање е за себе посебна креација што ја сметаше од исклучителна важност.Беше еколог од модерен тип. Неговите замисли и хипотези се предмет на расправа на подоцнежните еколошки сфаќања. Тој одеше пред времето и затоа неговите колеги често и не го разбираа. Постојано укажуваше на комплексноста во изучувањето на животните средини. Неговите кажувања од екологијата беа теоретски збогатени и филозофски интонирани. Ја поврзуваше новата, млада наука со политиката. Се знае дека пред војната, пишувајќи за животниот простор, ја критикуваше геополитичката теорија, за што беше прогонуван, а подоцна беше и уапсен.Продолжува Пишува: СЛАВЕ КАТИН

109 thoughts on “ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ И АКТИВНОСТИТЕ НА АКАДЕМИК СИНИША СТАНКОВИЌ (5)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *