СДСМ: Децата чии родители добиваат парична социјална помош се ослободуваат од плаќање здравствена партиципација,

Владата предводена од СДСМ продолжува со спроведувањето мерки што овозможуваат унапредување на социјалната и здравствената заштита, со посебен акцент на ранливите категории граѓани.

Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош, се ослободуваат од плаќање на здравствена партиципација.

Оваа мерка опфаќа над 24.000 лица и за таа цел од Буџетот се издвојуваат околу 20 милиони денари.

Со ова се надминува долгогодишен проблем на лицата корисници на социјална помош кои се соочува со тешкотии при обезбедувањето здравствени услуги за нивните деца поради неможноста да платат партиципација, а сето тоа негативно се одразуваше врз нивното здравје, раст и развој.

Одлуката за ослободување од плаќање на партиципација за лицата до 18 годишна возраст, чии родители примаат социјална парична помош, го олеснува пристапот до здравствена заштита за една ранлива категорија граѓани и истовремено обезбедува заштеда на средства кај овие семејства.

Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на своите заложби за градење на ефикасен и достапен систем на социјална и здравствена заштита и продолжува со спроведување на мерките што обезбедуваат унапредување на квалитетот на живот за сите граѓани, затоа што секој е важен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *