Во МНР одбележување на Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот

Во просториите на Министерството за надворешни работи денеска ќе се одржи традиционалниот настан за одбележување на 27-ми Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

Како што информираат од МНР, на настанот воведни обраќања ќе имаат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел, амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ и заменик-претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Радојка Хелман Денковска.

По воведните обраќања, следува панел дискусија на тема „Едукација на младите за Холокаустот“ меѓу студенти и универзитетскиот професор Мишо Докмановиќ и Маја Суша од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.