Премиерот Ковачевски во работна посета на Виена

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска е во работна посета на Виена, Австрија.

Во рамки на посетата, како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски ќе одржи работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, на која ќе се разговара за завршеното успешно претседавање на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, како и за придонесот на нашата држава за севкупната европска безбедност и стабилност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *